Во Културно информативниот центар во Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата со дигитални графики „PUSH THE SKY AWAY“ на Соња Димовска.

-Оваа изложба ве поканува да започнете визуелно и емотивно патување кое го отсликува истражувањето за пространоста. Изложбата е мисловно и потопливо искуство кое навлегува во сложените теми на човечката состојба и нашето место во универзумот - почнувајќи од паркот, пред или позади вашата зграда, во вашето маало, населба, или во паркот на авторката Соња Димовска... таму меѓу гранките е метафората за оттурнување на небото како претстава за ослободување од ограничувањата, моќно одекнувајќи со поетска интроспекција и контемплација, наведува проф.Лазе Трипков во осврт за изложбата.

„Push the Sky Away: A Monochromatic Reverie“, стои во најавата, е визуелно и емотивно искуство кое ќе ве остави со чувство на интроспективно чудо и благодарност за убавината што може да се најде во монохроматските длабочини на постоењето.

Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028