Пробиен е пат во атарот на селото Криволак за полесен пристап на земјоделците до земјоделските површини, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

- Со координирана активност помеѓу Општина Неготино и ЈП ,,Комуналец", чии работници на терен со механизација и работна рака ги изведоа работите, пробиен е пат во атарот на село Криволак кој води до земјоделските површини. Станува збор за пат, што, поради пукање на цевка и неконтролирано истекување на вода, долго време беше запустен, а со неговото пробивање и ставање во функција, тамошните земјоделци ќе можат многу полесно и побрзо да стигнат до своите површини, бидејќи се елиминира потребата да патуваат цели три километри, како што беше случај досега, појасни градоначалникот на Неготино.

Стојанов нагласи дека исто така, по санирање на дефектот и набавка на ново црево од страна на Општина Неготино, ќе се обезбедат доволни количини вода за трите селски чешми.