На 04.07.2023 година во 11.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ја лишиле од слобода С.Д.(61) од Радовиш, вработена во Агенција за катастар на недвижности, Подрачно одделение Радовиш.
Таа се сомничи дека на 08.06.2023 изготвила договор за отстапување на имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат и за истото неосновано побарала паричен надомест од 2000 денари, кој на 04.07.2023 година и бил даден.
На 04.07.2023 година во службените простории на Агенција, при преглед на осомничената била пронајдена банкнота од 2000 денари, која претходно била обележана, а при претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело.
С.Д. била задржана во Полициска станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а од Судија на претходна постапка изречени се мерки на претпазливост.