Грчкиот кошаркарски великан, Панатинаикос објави информација за постигнат договор за соработка со Двејн Бејкон.

Дваесет и седумгодишниот Американец потпиша двегодишен договор со Пао.

Минатата сезона Бејкон играше за Монако, со просек од 14 поени во натпреварите од Евролигата.

Во септември 2022 година Бејкон потпиша со НБА-лигашот Лос Анџелес лејкерс, но во октомври договорот беше раскинат и играчот се врати во Европа.