Во Собранието на Република Македонија беа изгласани предложените заклучоци за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски и Арбер Адеми со кои власта најде начин, односно направи фарса, за да може да ја покрие одлуката која ја донесе за прифаќање на бугарските барања преку т.н. француски предлог.

„За“ гласаа 68, „Против“ и „Воздржани“ немаше.

Доколку се направи анализа на гласањето, може да се забележи дека дури 36 пратеници од оние 68 кои гласаа „ЗА“ не се со Македонската етничка припадност.

Покрај ова, пратениците од Албанската етничка заедница Зијадин Села од АА и Фадил Зендели од БЕСА, како и пратеникот од турската партија дел од владејачката коалиција Енес Ибрахим не гласале за францускиот предлог.

Од редовите на власта пак, малите коалициони партнери кои имаат моќ да ја „бутнат“ Владата, но помила им е власта отколку македонската историја, култура, традиција и идентитет, ДОМ на Морачанин и ДС на Павле Трајанов не гласале за заклучоците за францускиот предлог, но остануваат во власта, додека двајцата пратеници од ЛДП истиот го поддржале додека нивниот Претседател Милевски во јавноста „продаваше“ магла како тие како партија се против францускиот предлог.

Од владејачката СДСМ пак единствено, или се одважил или намерно отсуствувал од седницата, пратеникот Диме Велковски не стиснал „ЗА“ за овој асимилаторски предлог.

Во продолжение листата на пратеници кои гласаа „ЗА“ а не се со Македонска етничка припадност:

1. Абдула Салиу - Алијанса за Албанците

2. Али Ахмети - Демократска унија за интеграција

3. Арбана Пашоли - Демократска унија за интеграција

4. Арбен Зибери - Демократска унија за интеграција

5. Арбер Адеми - Демократска унија за интеграција

6. Арта Биљали-Зендели - Демократска унија за интеграција

7. Артина Ќазими - Алијанса за Албанците

8. Атнан Незири - Алијанса за Албанците

9. Африм Гаши - Алтернатива

10. Бајрам Кадрија- Демократска унија за интеграција

11. Бастри Бајрами - Движење БЕСА

12. Бедри Фазли - Демократска унија за интеграција

13. Бејџан Иљас - Демократска партија на Турците на Македонија

14. Белкиса Зеќири - Социјалдемократски сојуз на Македонија

15. Берат Ајдари - Демократска унија за интеграција

16. Вјолца Адеми - Демократска унија за интеграција

17. Елми Азири - Алијанса за Албанците

18. Зекир Рамчиловиќ - Независни пратеници

19. Изет Меџити - Демократска унија за интеграција

20. Илире Даути - Алијанса за Албанците

21. Исмаил Јахоски - Демократска унија за интеграција

22. Кастриот Реџепи - Движење БЕСА

23. Љатифе Шиковска - Социјалдемократски сојуз на Македонија

24. Мендух Тачи - Демократска партија на Албанците

25. Мерита Колчи Коџаџику - Демократска унија за интеграција

26. Мирослав Јовановиќ - Српска странка во Македонија

27. Мухамет Кадриов - Социјалдемократски сојуз на Македонија

28. Рина Ајдари - Демократска унија за интеграција 29. Санела Шкријељ - Независни пратеници

30. Сафије Садики Шаини - Алтернатива

31. Скендер Реџепи - Алтернатива

32. Сурија Рашиди - Алијанса за Албанците

33. Талат Џафери - Демократска унија за интеграција

34. Фиснике Бектеши Шаќири - Демократска унија за интеграција

35. Халил Снопче- Алијанса за Албанците

36. Хусни Исмаили - Алтернатива