Најавите кои во текот на денот премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски ги даде вечерва се остварија односно се направи обид да бидат остварени.
Веројатно, сценаријата, кои наликуваат на книгите од службите, мислејќи дека со провокатори, ќе прераснат во масовни инциденти не им се остварија, па остана забележано само полициската бруталност и насилство врз демонстратите која наликува како во времето на комунизмот и едноумието.
Имено, од снимките од пред Собрание може да се види како еден полициски службеник од зад грб со мајагери удира еден од протестантите кој потоа падна на земјата.
Само десетина минути потоа, полициски службеници приведоа младо момче, го опколија и се нафрлија на него додека тој лежеше на асфалт и викаше од болка. На едно од видеата се слуша како тој им вели „си одам од работа“. Додека дел од новинарите го снимаа овој немил настан еден од полицијците го крена пендрекот и кон снимателите но за среќа не замавна кон нив.
Деловите од видеото се преземени од лајв стримот на Радио Слободна Европа.