Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска беше отворена 13-та Македонска книжевна визита, на која традиционално учествуваат македонски и бугарски писатели.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Македонската книжевна визита, што ќе се одржува од 5 до 7 мај, е прва од појавата на пандемијата на Ковид-19.
На свеченото отворање, Книжевната визита главниот и одговорен уредник на Издавачката куќа „Макавеј“, Владимир Цветкоски изјави дека културата и уметноста се мостовите кои ги поврзуваат луѓето и општествата.
Претседателка на бугарскиот ПЕН центар, Здравка Евтимова, им посака добредојде на гостите од Северна Македонија и ги повика писателите и поетите од двете соседни земји почесто да комуницираат и да придонесат за меѓусебното разбирање.
Во име на Амбасадата на Македонија во Бугарија пред присутните се обрати Владимир Крстевски.
На првата вечер беше претставен книжевен портрет за Зоран Анчевски, како и разговор за неговото творештво со д-р Владимир Матиновски.
Домаќин на Книжевната визита е директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Сашко Насев.
Меѓу гостите и учесниците на отворањето беше и поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Маријан Ѓорчев, чија книгата „Создавање“ ќе биде промовирана во рамки на културната програма на КИЦ.