„Вечна трага“ на српската поетеса од Косово, Мила Михајловиќ ќе биде промовирана денеска во просториите на МКЦ.
Станува збор за збирка поезија пишувана во модерен поетски манир, кој го карактеризира експресивна слобода во баланс со сентименталните лирски гравури, настанати како последица на уметничката идеализација на чувствата што ја инспирираат оваа книга.
Таа е синоним за литерарно отелотворување креирано поради невозвратена љубов, која всушност е примарниот книжевен мотив на овој ракопис. Поезијата прави неприкосновена и крајно револуционерна дескрипција на своите емоции на еден иновативен начин, но и покрај тоа се придржува на ренесансни книжевни начела, со што создава совршен вонвременски спој на различни хронолошки наративи.
Поезијата содржи разнолични стилски фигури од кои јасно се забележува одличната дарба на Мила Михајловиќ.
Мила Михајловиќ е млада српска поетеса од Косово, која за збирката „Вечна трага“ е добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година, што ја доделува „Књижевна омладина Србије“.