Културно социјален простор ПОДИУМ-ЈАДРО Кавадарци вечерва реализираше интернет разговор со Сашко Илов – Дете, еден од авторите на првата фото книга за паганскиот ритуал, насловена „Џоломари”.
Во интервјуто, Сашко Илов-Дете, меѓу другото напомена дека за да се претстави на вистински начин ритуалот кој е многу стар, одлучиле фотографиите да бидат во црно-бела боја.
Инаку, во селото Бегниште, над 400 години, постои паганскиот ритуал „Џоломари“. Секоја година, на 14 јануари, група мажи се собираат со маски и го бранат селото од вештерки и демони. Ова е прва фото книга за овој пагански ритуал.
Автори на книгата се и Цветанка Илова Темкова – Цеци и Гоце Давидов.
Разговорот беше прикажан на Јутјуб каналот и Фејсбук страницата на овој културен центар.