Општина Кратово и Локалниот младински совет по повод патрониот празник на Кратово, Свети Ѓорѓи Кратовски распишаа награден конкурс за најдобра литературна творба на тема: „Свети Ѓорѓи Кратовски–светилник и закрилник на Кратово“.

Литературните творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза, а право на учествуво имаат младите до 29 години од Кратово.

-На конкурсот не може да учествувааат претходно објавени или издадени дела. Авторските творби треба да се достават до архива на Општина Кратово, секој работен ден или да се испратат по електронски пат на: contact.kratovo@gmail.com и mladinskisovetkratovo@gmail.com, најдоцна до 21 февруари 2022 година, информираат од Општина Кратово.

Оценувањето ќе го врши стручна комисија. Авторите на најдобрите творби ќе добијат пофалница и вредносни ваучери, а нивните творби ќе бидат објавени на веб-страната на Општина Кратово. Наградите ќе бидат доделени на манифестацијата закажана за 25 февруари, во Музеј на град Кратово.