Во фоајето на Народниот тетар во Гевгелија, во организација на Домот на културата и ансамблот „Македонија“ од Скопје, денеска беше отворена изложбата насловена „Скопје со културните добра“.
На изложбата се претставени фотографии со народни носии од етничките предели Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Скопски Дервен, Каршијак како и народни носии од градската култура во периодот на Ала Франга.
На изложбата која ќе биде отворена до 14 февруари, покрај народните носии се претставени и најбележитите локации на Скопје неговата околина.
Заинтересираните гевгеличани изложбата ќе можат да ја посетуваат секој работен ден во времето од 9 до 15 часот, со доследно почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.