Скопскиот џез фестивал денеска по повод промоцијата на новите календари за 2022 година, организира џез-матине со настап на триото на џез-гитаристот Филип Букршлиев, актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез-музичар во Македонија.
Настанот ќе се одржи во Макка Бар. Организаторите информираа дека влезот за овој настап е слободен.