Болоња не се појави на натпреварот од 20. коло од италијанскиот шампионат со Интер. Средбата требаше да се одржи попладнево на „Ренато Далара“ со почеток во 12:30 часот.

Италијанските медиуми јавуваат дека причината за неиграњето на натпреварот е екипата на Болоња која била ставена во карантин поради појава на коронавирус.

Така, тимот од Бергамо може да добие технички пораз.

Интер е лидер на табелата во Серија А со 46 бода од 19 натпревари, Болоња има 27 и се наоѓа на 10. место.