Словенецот Анте Шимунџа е назначен денеска за нов шеф на стручниот штаб на актуелниот бугарски фудбалски шампион Лудогорец, со што стана петтиот странски тренер во историјата на клубот од Разград.
Шимунџа доаѓа во редовите на десеткратниот бугарски шампион од клупата на Мура, која минатото лето ја предводеше на дуелот против Лудогорец во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, откако словенечкиот тим претходно ја елиминираше тетовска Шкендија.
Новиот тренер на Лудогорец зад себе има три шампионски титули во Словенија, две со Марибор (2013, 2015) и една со Мура (2021).