Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во американската МЛС-лига. Според „Марка“ Интер Мајами може да го ангажира Аргентинецот во 2023 година.
Претходно беше објавено дека Меси купил недвижен имот во Мајами.
Меси летото 2021 година бесплатно се пресели од Барселона во ПСЖ. Сезонава одигра 16 натпревари на сите турнири, постигна шест гола и четири асистенции.