Легендарниот турски фудбалски стратег и актуелен тренер на Галатасарај, Фатих Терим (68) денеска е пренесен во болница во Истанбул поради гастроинтестинални тегоби.

Терим изминатите неколку денови имаше проблеми со гастроинтестиналниот тракт и засега е неизвесно колку долго ќе мора остане во болница.

Галатасарај в четврток му гостува на Лацио во Рим во директниот дуел за првото место во групната фаза во Лига Европа. Галатасарај е првопласиран со три бодови предност, но Лацио ќе го симне од врвот и директно ќе се пласира во следниот круг натпреварување доколку победи во меѓусебниот дуел.

Терим, кој два пати беше турски селектор, а седеше и на клупите на Милан и Фиорентина, последен пат беше во болница поради коронавирус