Сопственикот и претседател на Сампдорија, Масимо Фереро денеска е уапсен од страна на финансиската полиција во рамки на истрага за корпоративен криминал.
Италијанските медиуми пренесуваат дека наводно Фереро е префрен во затвор, додека за уште пет лица е одреден домашен притвор. Исто така се наведува дека Сампдорија не е вклучена во истрагата на финансиската полиција.