Конференција „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, ќе се одржи утре во конак Попова Шапка во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади.

Конференцијата има за цел да развие нови партнерства кои ќе влијаат врз креирањето и прилагодувањето на практиките и политиките во спортскиот туризам, со институциите одговорни за планирање и развој на нови идеи преку примена и реализација на нови бизнис модели.

Дополнително, целта е да се мотивира воспоставување на практика на „лабораторија на иновации“ во спортскиот туризам, да се разменат добри практики и промовираат активностите и резултатите од учењето пред разни чинители во земјата.

-Идејата е да се поттикнат идните претприемачи од спортски туризам да се промовираат програмите за доживотно учење на наставници, обучувачи и спортски тренери, преку унапредување на нивните претприемачки вештини за развивање на иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам. Конференцијата се фокусира на чинителите од спортскиот туризам – спортски професионалци, спортски менаџери, спортски волонтери, туристички оператори и професионалци, тренери, наставници, локални национални чинители, спортски клубови и федерации, најавуваат организаторите.


Администратор
25/11/2021 12:31