Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик под притисок се откажал формирање на војска на Република Српска.

Шмит за британскиот весник Гардијан истакна дека регионалните лидери го убедиле Додик да не ги повлекува босанските Срби од составот на вооружените сили на БиХ и да формира армија на РС.

Германскиот дипломат не наведе кои регионални лидери го убедиле Додик дека тоа е опасен план, како за БиХ, така и за регионот.

Додик претходно разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

– Да се спречи поништување на резултатите постигнати во изминатите 26 години е клучен приоритет. Успешен одговор на моменталните предизвици ќе и пружи на БиХ можност да напредува на патот кон Европска Унија, што подразбира и исполнување на цели и услови за завршување на меѓународната супервизија, е главната порака што Шмит му ја пренел на своите соговорници за време на неговата посета во Вашингтон


Администратор
25/11/2021 12:26