Полицијата во Ниш уапси маж во чиј автомобил пронајде 520 килограми марихуана од Косово. Дрогата била спакувана во 134 пакети и била наменета за продажба во српските градови.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека секоја заплена на наркотици е голем успех и победа за полицијата. Тој додаде дека нема да биде легализирана марихуаната во Србија.

– Искрено се залагам продажба на дрога на малолетни лица да се санкционира и третира како обид за убиство, посочи Вулин.


Администратор
25/11/2021 12:02