По одигрувањето на натпреварите синоќа во 5. коло од групна а фаза на Лигата на шампионите, познати се неколку учесници во плејофот.

Манчестер Сити го победи ПСЖ (2:1), стигна до 12 бода и се зацврсти на првото место во групата А. Парижаните и покрај поразот ја поминуваат групата како второпласирани. За Лајпциг и Клуб Бриж кои имаат по четири бода овие екипи останаа недостижни.

Лисабонскиот Спортинг ја победи Борусија Дортмунд (3:1) и си го обезбеди второто место во групата Ц. Спортинг има девет бода, Борусија – шест, но во меѓусебните средби португалскиот клуб е во предност – 3:1 дома, 0:1 на гости.

Осминафиналисти станаа и Реал и Интер. Реал го победи Шериф (3:0) и освои 12 бода, Интер има 10 поени благодарение на победата над Шахтјор (2:0) и е на второто место. Шериф (шест бода) и Шахтјор (еден бод) повеќе нема да можат да стигнат до второто место.


Администратор
25/11/2021 10:50