ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе интерна одлука за рационализација на потрошувачката на електричната енергија врз основа на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор во времетраење од 30 дена, од страна на Владата, информираат од јавното претпријатие.

-Во согласност со состојбата во која се наоѓаме во однос на енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе интерна одлука за рационализација, односно намалување на потрошувачката на електричната енергија, на најниско можно ниво, без притоа да се наруши функционирањето и безбедноста на претпријатието, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Врз основа на нашите општествено одговорни политики и спроведувањето на истите, додаде, се надеваме дека со тоа ќе придонесеме кон зголемување на свеста за заштеда и рационална употреба на електричната енергија, пракса и пример кој ќе се следи и во иднина за сите природни ресурси кои се употребуваат за општо добро на граѓаните, вклучително и водата за пиење.