Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска оствари средба со шефот на Делегација на Европската унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата, како што соопшти Градот Скопје, се зборувало за предизвиците кои го очекуваат Градот, а Арсовска го информирала амбасадорот Гир за приоритетите на новата администрација во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.
Амбасадорот Гир и го честитал изборот на Арсовска за градоначалник, со желба за успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Делегација на Европската унија во Скопје.
Тој додал дека се надеваат оти Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град.