Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со германската амбасадорка Анке Холштајн.
-Денес со германската амбасадорка Анке Холштајн остваривме средба на која разговаравме за можностите за зголемување на билатералната соработка особено меѓу Град Скопје и збратимените градови Нимберг и Дрезден. Скопје има потенцијал да израсне во модерна европска метропола со можност за економски, општествен и културен развој преку користење на знаењето, искуството и германските добри практики, информира Арсовска.