Фудбалската федерација на Финска не ја исклучи можноста да побара од УЕФА натпреварот од квалификациите за Мундијалот 2022 предвиден за оваа сабота во Зеница против БиХ да се игра на неутрален терен поради заканите за војна во таа балканска држава.
– Ако биде загрозена сигурноста на екипата, УЕФА би требало натпреварот да го префрли на неутрален терен. Подготвен сум самоиницијативно, доколку има загрижувачки вести, да побарам од УЕФА да реагира, изјави првиот човек на финскиот фудбал Ари Лахти.
Босанските медиуми објавија дека финската страна е сериозно загрижена поради заканите за оружен судир во БиХ на што предупреди и Високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит