Сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода денеска ја чистат урбаната заедница Бирарија. Се мијат улиците со цистерни, се кастрат дрвјата и се чистат мини депониите.

– Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, ова е само почеток на една силна офанзива за чистење и расчистување на општина Кисела Вода. Оваа акција ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од овој дел на градот. По неа, ќе следат и многу други, за што ќе бидат ангажирани и дополнителен број на сезонски работници, а локалната самоуправа ќе работи силно на подобрување на услугата од комуналните служби, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.

Иста ваква акција беше спроведена и во Расадник.