Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма вели дека со првото доаѓање на позицијата констатирал дека околу 40тина луѓе биле на платен список а не доаѓале на работа, додавајќи дека претходниот градоначалник од СДСМ пробал да го заташка ова со исклучување на системот за куцање.

Тоа што деновиве го констатирав е дека околу 40тина луѓе биле на платен список а не доаѓале на работа. Пробал претходниот градоначалник да го заташка тоа со неговиот тим, па го стопирале системот за куцање последните два месеца не работел и собирам информации за да има одговорност во однос на ова прашање, бидејќи станува збор за околу 1 милион евра потрошени за 4 години за овие привремени вработувања. Навистина тоа се средства со кои би се реализирале минимум два капитални проекти во општина Бутел, рече тој.

Во Бутел се потрошени два милиони евра за четири години за предвремени вработувања. Согласно систематизацијата има 77 вработени и плус 130 , 140 предвремени вработувања од кои 50тина се примени како хигиеничари, значи 50 на список од кои само 15 доаѓаат на работа, другите се фиктивни кои што земаат само плата. Има таков пример и во администрацијата со околу 20тина, додаде Костовски.