Новиот градоначалник на скопската општина Бутел во гостување на Телевизија Телма најави дека веќе од утре започнува со реализација на еден од клучните проекти кои што ги ветил во предизборната кампања.

Општинската каса е во една лоша состојба, за жал. Но тоа не беше причина за денеска да не започнеме жестоко со работа. Денеска почнавме да ги чистиме 12те големи депонии кои што беа направени последните 4 години, а утре ексклузивно најавувам дека ќе започнеме на еден од трите носечки проекти кои што ги најавував во предизборната кампања и ќе покажеме како треба да се работи, нагласи Костовски.

На прашањето како ќе ја спречи бетонизацијата посочи дека веќе дал предлог за стопирање на изградба на згради, се со цел изградба на паркови на тоа место.

Апсолутно тоа е мој политички став. Нема да дозволам изградба на згради согласно новиот план кој што се дава со новиот ГУП на тие места каде што мојот претходник планираше згради, јас веќе дадов насока да се пушти предлог да бидат паркови и сметам дека тој начин на силување на бетонизација кој што се случуваше во Бутел е еден од главните столбови врз кој што се потпре овој пораз на Смилевски. И во таа смисла контра на бетонизацијата е зелен Бутел и мислам дека тоа за многу скоро во пракса ќе го докажеме, објасни Костовски