На одбележувањето 45 години од постоењето на Општина Гази Баба, денеска беше отворен турнирот во футсал за мажи, организиран од Општинскиот сојуз на училишен спорт помеѓу екипи на основните училишта во оваа Општина.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски истакна дека спортот е извор на здравје и свежина, фактор на долговечност и повика граѓаните да спортуваат.
– Денеска започнуваме со низа на активности за одбележување на 45 години од постоењето на Општина Гази Баба, нашата општина. Тоа одбележување го започнуваме со овој спортски турнир помеѓу дечињата од основните училишта, бидејќи спортот кај младите е една од најважните активности. Спортот е извор на здравје и свежина, фактор на долговечност. Затоа ве поттикнувам и повикувам да спортувате, рече тој.