Три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план во Гази Баба добија решение за запирање на постапката за одобрување, информираат од општината.
Решението денеска го потпишал градоначалникот Бобан Стефковски.
-Во изминатите неколку дена заедно со стручни лица од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина спроведле ревизија на постапката и содржината на три урбанистички проекти, по што утринава го потпишав Решението за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план – пишува Стефковски, потенцирајќи дека заштитата на животната средина е на врвот на неговите приоритети.