Општина Карпош работи на подготовка за целосна реконструкција на улицата „Гиго Михајловски“, во населбата Карпош 1.

Имено, претстои обнова (асфалтирање) на 250 метри од коловозната лента, која е со широчина од 3,3 метри. Исто така, ќе се обнови и дел од пешачката зона (тротоарот), со цел да се обезбедат подобри услови за движење на граѓаните, информираат од општина Карпош.

Во изминатиот период локалната самоуправа ги реконструираше улиците „Париска“ (Тафталиџе 1), „Мирка Гинова“ и „Иван Аговски“ во Карпош 1, како и улицата „Шекспирова“ во Карпош 2.

Општина Карпош им се заблагодарува на сите граѓани за разбирањето и трпението при изведбата на овие сообраќајници и за почитувањето на времениот сообраќаен режим, стои во соопштението од локалната самоуправа.