Македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин денеска ќе врачи „Цветинова награда за мир“ за 77-от роденден на првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“.
Поповски – Цветин вели дека весникот ја промовира и поддржува мироносната мисија со „Цвеќето на мирот“.
Цветин досега подарил над 60.000 свои слики и организирал над 300 изложби во земјава и во Шведска, Полска, Германија, Италија, Канада, САД и во земјите од поранешна Југославија.
Во 2009 година Поповски – Цветин беше номниниран за Нобелова награда за мир и беше меѓу петте кандидати од вкупно 205 кандидати. Во 2015 година создаде слика од 1001 метри.
Ќе бидат изложени и артефакти од почетоците на „Нова Македонија“ – машина за пишување, фотоапарат, телефон…
Наградата ќе биде доделена во дворот на редакцијата на „Нова Македонија“.