Аудио книгите „Поправање на грешките“ од Аријан Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Милутин Ѓуричковиќ се објавени и достапни на мобилната апликација и веб платформата на „Самоглас“.

Овие аудио книги се објавени со поддршка од Регионалната мрежа за културна разновидност – регионален проект финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Гете-институт Скопје во соработка со партнерски организации од Србија, Албанија, Турција и Косово.

Аријан Лека е албански поет, прозаист, есеист, детски писател, преведувач, основач и раководител на потескиот книжевен фестивал „Поетика“.

Милутин Ѓуричковиќ е поет, романописец, критичар, доктор по книжевност кој има објавено шеесетина книги за деца и возрасни. И двајцата се добитници на многу меѓународни и домашни книжевни признанија, а нивните дела преведени на македонски сега добија и свои аудио верзии.

-„Самоглас“ – www.samoglas.mk е мобилната и веб апликација за слушање аудио книги на македонски јазик, која е достапна за јавноста од јануари минатата година. Од тогаш па до денес се објавени над 70 книги, а платформата ја користат над 9.500 регистрирани корисници, се наведува во соопштението на „Самоглас“.


Администратор
27/10/2021 17:08