Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424 а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина


Администратор
27/10/2021 16:37