Не сакам да коментирам луѓе кои што се заглавени во едно политичко мочуриште, тоа е очекувано од структурата која што е во заминување. Не очекувам дека ќе зборуваат за проекти, бидејќи немаат проекти и не очекувам да зборуваат за иднина, бидејќи не знаат како да создадат нова иднина. Ако забележите во оваа кампања тие или зборуваат за минатото, не враќаат 10 години наназад, или помеѓу двата круга гледате дека само на црната кампања се фокусирани. Тие нека продолжат да удираат ниско, колку пониско тие удираат, ние толку повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, за нова иднина и така уште ден, два до крајот на кампањата ќе продолжиме, а од понеделник не чека многу работа, да ја извадиме Македонија, да го извадиме Кочани од политичко мочуриште во кое што денеска се наоѓа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на црната кампања од страна на СДСМ.

Мицкоски посочи дека нема ниту едно поле каде што може да се издвои еден успех од страна на владата на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дека додека тие се заглавени во минатото и продолжуваат да тонат во политичкото мочуриште, ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните има нуди проекти, план и визија.

Јас не очекувам повторно ќе кажам нешто поинакво од Зоран Заев, СДСМ или ДУИ. Фактот е дека владата на СДСМ и ДУИ ја направи Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ направи Македонија да биде трета во светот според смртноста од ковид пандемијата и наместо да бараат вакцини за да се имунизира населението, тие одеа бараа и трчаа по провизии. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ практично ја турна на дното Македонија според економијата во регионот па и во Европа. Факт е дека е презадолжена, факт е дека единствено што направија е распродажбата на националниот идентитет, факт е дека во образованието и реформите кои што ги спроведоа немаме ниту еден Универзитет во првите 100 на Шангајската листа и уште многу, многу порази кои што ги направија. Незадоволни земјоделци, па еве прошетајте овде во Кочани, ќе видите како живеат луѓето кои што се занимаваат со производство на ориз, оризопроизводителите, тие кои што произведуваат оризова арпа и тие кои што го произведуваат белиот ориз, додаде тој.

Практично не можам да издвојам ниту едно поле каде што имаме успеси, единствено нешто што им преостанува е да го плашат народот, да го делат на леви и десни, да го делат по етничка основа, по верска основа. Така што тие нека останат заглавени во минатото и нека продолжат да тонат во ова политичко мочуриште, ние гледаме кон иднината, нудиме проекти, план и визија и така ќе продолжиме, дециден е Мицкоски.


Администратор
27/10/2021 16:37