Во главниот град на Косово, денеска на 51-годишна возраст по тешко боледување, почина истакнатата филмска и театарска режисерка, Бурбуќе Бериша, која е по потекло од Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бериша е автор и режисер на неколку играни филмски проекти, реализирани главно во Косово, каде што се школуваше и го помина поголемит дел од работниот век.

Нејзини попознати дела, од кои некои имаат добиено и меѓународни признанија, се играните филмови „Косово 9/11“, „Суџук опен“ и „Приштинска приказна“, телевизиската серија „Лекси во градот“, а има снимено и неколку документарни филмови. Освен тоа, има поставено неколку претстави на театарски сцени во Косово, Северна Македонија и Албанија.

За идната година таа се подготвуваше да постави една претстава на сцената на Националната институција Албански театар во Скопје.

Покрај како сценаристка и режисерка, Бериша има работено и како професор по режија, менаџер на кутурни инситутции, продуцент во филмската куќа „Косова филм“ и директорка на Националниот театар на Косово.

Бериша почина на нејзиното последно работно место, во Министерството за култура на Косово.


Администратор
27/10/2021 16:13