Книжевната награда „Предраг Матвејевиќ“ за 2021 година ја доби македонскиот поет Борче Панов од Радовиш. Престижното признание го доби за книгата „Бричење балон“ (Бријање балона), која е преведена на српски од познатиот српски поет, писател, есеист и преведувач Душко Новаковиќ.

Поетот Панов наградата треба да ја прими на 7 идниот месец во Загреб.

-Многу ми значи бидејќи е добиена во конкуренција на стотина автори од бившите југословенски простори. Наградата не е значајна само за мене, туку и за македонската книжевност, изјави Панов.

Книгата на Панов ја објави Друштвото на писателите на Србија во рамки на проектот на нашето Министерство за култура-Репрезентативни преводи на значајни македонски писатели.


Администратор
27/10/2021 13:39