Јута џез рано утрово на домашен терен го победи Денвер нагетс со 122:110 во дуел од НБА-лигата.

Најефикасен кошаркар на средбата беше центарот Нагетс, Никола Јокиќ, кој постигна 24 поени. Србинот на теренот мина 15 минути, а на крајот од втората четвртина заработи повреда на коленото и не можеше да го продолжи натпреварот.

На другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот игран ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:

Њујорк – Филаделфија 112:99 Оклахома – Голден стејт 98:106 Сан Антонио – Лос Анџелес лејкерс 121:125 (по продолжение) Далас – Хјустон 116:106.


Администратор
27/10/2021 12:00