Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објасни зошто напаѓачот Еден Азар во последно време е се поретко на теренот.

– Азар закрепна од повредите и подготвен за игра, но проблемот е што има тренер кој претпочита други играчи. Еден нема статус на ѕвезда бидејќи често се повредува и постепено ќе се враќа во најдобрата форма. Сигурен сум дека оваа сезона ќе ја покаже својата најдобра страна и ќе игра почесто. Има и мотивација и вештини. Потребно му е само малку трпение, тоа се случува кога тренерот претпочита еден играч пред друг изјави Анчелоти за „Гол“.

Во тековната сезона, Азар учествуваше во осум натпревари на Реал Мадрид, има остварено една асистенција.

Триесетгодишниот Белгиец ги пропушти последните три натпревари на тимот, влегувајќи во составот само за натпреварот со Барселона (2:1).


Администратор
27/10/2021 11:06