Кошаркарите на Чикаго булс, ноќеска на гости го победиja Торонто репторс со 111:108. Булс ја забележаа четвртата победа во четири натпревари на почетокот на НБА-сезоната.

Последен пат Чикаго имаше четири стартни победи во за нив шампионската сезона 1996/97 година, кога за тимот на Фил Џексон играа легендарните Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман.

Чикаго моментално е на врвот на табелата во лигата и е единствениот тим на Истокот кој нема пораз.

Следен противник на Чикаго ќе биде Њујорк никс ноќта четврток кон петок.


Администратор
26/10/2021 12:22