Од утре, вторник (26.10.2021 год), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од возилата ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.

Всушност, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата.

Возниот ред на 50А е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk, означен со „*“ во делот на возен ред на линија 50.


Администратор
25/10/2021 16:22