Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од два до девет, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне 18 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат од сабота.


Администратор
19/10/2021 11:03