Изложбата „Raffaelo: Opera Omnia“ од утре ќе биде отворена за посетители во Археолошкиот музеј. Македонската јавност од вторник до недела, од 10 до 18 часот, ќе има можност да погледне 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти.

Како што соопшти Археолошкиот музеј, во музејската репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Санти, од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии: Галериите Боргезе и Барберини во Рим, Галериите Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Оваа изложба почна да го обиколува светот во 2020 година со цел одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.

„Raffaelo: Opera Omnia“ до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореја и Приштина.

Изложбата е во соработка со Италијанска амбасада и ќе биде отворена за посетители два месеци, до 20 декември 2021 година. Влезот е бесплатен.


Администратор
18/10/2021 14:21