Песни од Стефан Марковски се вклучени во антологискиот избор на шпански јазик „Tránsito de voces poéticas“ или „Премин на поетските гласови“ во е-издание на мексиканскиот книжевен портал „Revista Primera Página“.

Во антологијата од меѓународен карактер е застапена поезија од поетски имиња кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955-та и 1994 година од: Полска, Чешка, Романија, Србија, Јапонија, Сирија, Ирак, Ј. Кореа, Кина, Индија, Непал и Тајван.

-Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата како импулс на бунтот во воените контексти, природата како причинител на сеќавањата и симбол на деавтоматизацијата среде урбаната монотонија, празнината на секојдневието… мотиви кои во корен се накалемуваат на минливоста, а кои секој од застапените поети ги доближува до читателите преку сопствениот глас, искуства и афекции, движејќи го оној воз без крајна одредница наречен срце, се вели во предговорот кон антологијата.

Препевите на застапените песни се од венецуелската поетеса Мариела Кордеро.

Антологијата е достапна на сајтот на Revista Primera Página: https://primerapaginarevista.com/antologia-internacional/


Администратор
18/10/2021 13:23