Патувачката изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ на Рафаело Санти вечер ќе биде отворена во Археолошкиот музеј.

Оваа изложба е во соработка со Италијанската амбасада и на неа ќе бидат изложени 14 дела, портрети од Рафаело Санти кој претставува еден од трите најпознати уметници во високата ренесанса заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело.

Археолошкиот музеј соопшти дека поради строго утврдените протоколи за настани кои се одржуваат во затворен простор, отворањето на оваа изложба ќе биде од затворен тип со точно одреден број на гости.


Администратор
18/10/2021 10:59