Во Србија пристигнаа уште 250.000 дози вакцина Спутник В, изјави Ненад Поповиќ, министер во српската Влада и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Поповиќ прецизираше дека станува збор за 100.000 дози на компонента 1 и 150.000 дози на компонента.

-Вакцините беа доставени во Србија од фабриката Генериум во Владимирскиот регион, изјави Поповиќ, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Тој посочи дека руската вакцина Спутник В има потврдена ефикасност од повеќе од 97 отсто.

– Спутник В е одличен и како „бустер“ вакцина, односно како трета доза вакцина за граѓаните кои претходно примиле две дози од која било вакцина, кажа Поповиќ.


Администратор
17/10/2021 15:47