Без вода денеска од 9 часот се корисниците во дел од ул.„Христо Татарчев“ и крак 2 во општината Кисела Вода, а намален притисок ќе имаат дел од корисниците во населбата, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот во водоснабдувањето, како што се посочува, е уличен дефект ф200мм на ул.„Христо Татарчев“ бб кај кружниот тек и ќе трае до неговото санирање.

Без вода и дел од жителите на Рашче. Прекин во водоснабдувањето денеска од 10:00 часот имаат дел од корисниците од скопското село Рашче.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „1“ во село Рашче, кај училиштето, на излез од селото.

Жителите ќе бидатбез вода се до санирање на дефектот.