Вилијам Шетнер мина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Блу oриџин“ во земјината Орбита. Славниот капетан Кирк – иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената.

– Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот глумец по враќањето на Земјата.

Официјално, не е соопштено дали Шетнер летал бесплатно или Џеф Безос му наплатил за патувањето.

Глумецот потоа, на Твитер ја опиша Земјата како „скапоцен камен, топла, сакана, грижлива наша планета“.

Летот на „Блу oриџин“ со леталото „Њу Шепард“ вторпат однесе четири лица во орбитата. На патувањето беа и Одри Пауерс, потпретседателка на „Блу oриџин“ одговорна за операции на летовите, како и Крис Бошвизен и Глен де Врис.


Администратор
14/10/2021 13:53