Стотици луѓе на шпанските Канарски Острови стравуваат за своите домови и имоти откако новата река лава од вулканот денеска загрози уште една населба на островот Ла Палма.
Властите на островот вчера наредија евакуација на околу 800 луѓе од крајбрежниот град Лос Љанос де Аридане во вторникот, откако лавата го промени правецот на пат кон Атлантскиот Океан.
Тоа е прва масовна евакуација од 19 септември, кога повеќе од 6.000 луѓе беа евакуирани веднаш по ерупцијата на вулканот Кумбре Вијеха.
Вулканолозите рекоа дека новата река на лава се одвоила од главниот тек и се упатила кон населена област надвор од онаа што беше евакуирана претходно.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска отпатува на островот, што е негова четврта посета од првата ерупција.
– ЗА ЖАЛ, ВЕСТА ШТО ЈА ИМАМЕ ОД НАУЧНИОТ КОМИТЕТ Е ДЕКА АКТИВНОСТА НА ВУЛКАНОТ НЕ СЕ НАМАЛУВА, ТАКА ШТО ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, РЕЧЕ САНЧЕЗ.
Владата на Санчез вети 214 милиони евра помош за обнова на куќи, фарми и бизниси во погодената област.