Трофејната кениска атлетичарка Агнес Тироп е пронајдена мртва во нејзиниот дом во градот Итена. Од Кениската атлетска федерација објавија дека Тироп е пронајдена со убодни рани од нож во пределот на абдоменот.

Според тамошните медиуми, осомничен за убиството е нејзиниот сопруг.

Тироп беше еден од најдобрите спортисти на 10.000 метри и освои бронзен медал на Светското првенство во Лондон во 2017 година и пред две години во Доха. Таа заврши на четвртото место на Олимписките игри во Токио. Медалот и избега за помалку од секунда. Пред точно еден месец, таа постави светски рекорд на десет километри патна трка.


Администратор
14/10/2021 01:16